Американецот Медфорд нов играч на МЗТ


Скопје, 27 јуни 2018  – Доскорешниот кошаркар на литванскиот прволигаш Невезис, Лестер Медфорд (25 години) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една сезона.

– Станува збор за брз и продорен плејмејкер, чија задача ќе биде организација на играта на тимот од „Јане Сандански“ во претстојната сезона во која ќе се атакува на трофеите во двете домашни натпреварувања, како и на висок пласман во АБА2-лигата. Медфорд во Литванија одигра 26 средби на домашна сцена со просек од 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции додека беше далеку поефикасен во ФИБА Еврокупот, каде што на шест меча просечно реализираше 16,5 поени, 2,5 скокови и 3,7 асистенции, објави клубот од Аеродром на својот сајт.

Во текот на својата кариера Медфорд настапуваше и за Женева Лајонс (Швајцарија), Фалко Шомбатели (Унгарија), Индијан Хилс и Бејлор Беарс (САД).

Тој второто засилување за МЗТ Скопје Аеродром во текот на летниот преоден рок, по повратникот Љубомир Младеновски, а е четврти потврден кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов, заедно со Дарко Соколов и Андреј Маслинко.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]