Алегри може да го смени Лампард во Челси


Јунајтед, Арсенал, ПСЖ? Алегри прави изненадувачки избор - МИА

Лондон, 21 октомври 2020 () – Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште е без работа, но шпекулациите за неговата иднина продолжуваат. Откако изминатите недели се појавија гласини дека тој може да предводи некого помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, италијанскиот менаџер сега е поврзан со друг европски гигант.



Неколку извори тврдат дека Алегри може да го замени Френк Лампард на кормилото на Челси. Италијанскиот стручњак реши да паузира една година откако помина 5 години како тренер во Јувентус.

Последните недели се зборуваше многу дека тој може да го замени Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд“, но тренерското место на Норвежанецот по синоќешната победа над Пари Сен Жермен со 2:1 изгледа сигурно.

„Котидиано Спортиво“ тврди дека Челси го идентификувал Алегри како потенцијална замена за Френк Лампард доколку резултатите на тимот не се подобрат.

Масимилијано Алегри има акумулирано богата визит-карта во последните десет години. Тој има 6 титули во Серија „А“ со Јувентус и Милан, четири пати го има освоено Купот на Италија и двапати стигнал до финалето во Лигата на шампионите.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината

–  Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за […]

Вести

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, Гостивар во дилема

– Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија […]

Вести

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*