Премиер лигата, во петокот, го казни Евертон со одземање на 10 поени поради кршење на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј. Во Абглија сега со големо внимание се следи што ќе се случи со челси и Манчестер сити.
Евертон е казнет со 10 бода поради прекршување на финансискиот фер-плеј во Премиер лигата, па сега падна на дното на табелата со само четири бода. Од „Гудисон“ велат дека нема да се откажат од борбата и ќе поднесат жалба, а со посебно внимание ќе следат како челнците на Премиер лигата ќе ги решаваат случаите на Челзи и Манчестер сити кои исто така се под истрага.
На многумина им е чудно што досега не се казнети многу побогатите клубови, сметаат дека тоа е „покажување на сила“ кон со помалку пари и влијание, меѓутоа „Дејли мејл“ пренесува дека Челзи и Манчестер сити се пред исфрлање од Премиер лига.
Ова сè уште не е официјална информација, туку мислење на поранешен финансиски советник кој е добро упатен во истрагите за Челзи и Манчестер сити.
Сити има направено 115 наводни прекршувања на финансискиот фер-плеј, додека Челзи е под лупа за чудни исплати на „офшор сметки“ во ерата на Роман Абрамович, поради што клубот може да биде казнет и покрај тоа што богатиот Русин веќе не е на „Стенфорд Бриџ“.
Но, повторно, не би било изненадување доколку богатите клубови се извлечат без казни.
Засега нема информации кога Премиер лигата ќе донесе конечна одлука, но несомнено е дека по преседанот во случајот со Евертон, Челзи и Манчестер сити сега „гризат нокти“ и се надеваат дека нема да бидат казнети.