Агентот на Бејл: Зошто еден од најдобрите играчи во светот би се согласил на изнајмување?


Агентот на крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл – Џонатан Барнет негираше дека Велшанецот ќе се врати во Тотенхем како отстапен до крајот на сезоната по тешката повреда на напаѓачот на Спарс, Хари Кејн.
– Тој ќе игра за Реал Мадрид вечерва, со две и пол години преостанати од неговиот договор со клубот. Тој е во ред, тој ќе остане таму и сè ќе биде добро. Тој е меѓу најдобрите играчи на светот. Зошто еден од најдобрите играчи би одел на изнајмување? Ова е смешно. Отсекогаш сум го зборувал тоа, никогаш не сум се премислил. Работите можат да се променат, но изнајмувањата се глупави, и без тоа, нема многу клубови што можат да си го дозволат. Тој е среќен и се надевам дека ќе освои уште неколку трофеи со Реал Мадрид, изјави Барнет за „Скај Спортс“.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]