Адурис се збогува од Атлетик, играчите направија шпалир во чест на фудбалерот


Адурис се збогува од Атлетик, играчите направија шпалир во чест на фудбалерот - МИА

Билбао, 22 мај 2020 () – Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис ја заврши кариерата. Денес, 39-годишниот Баскиец се збогува од клубот. Соиграчите во негова чест направија шпалир на „Сан Мамеш“.

Поради коронавирусот, фудбалерите аплаудираа во маски, а на стадионот немаше навивачи.

– Не можев да замислам да се збогувам, ниту сè што ми се случи. Како дете, јас дури и не размислував за можноста да го носам дресот на Атлетик. Изненаден сум од љубовта што ја добив од вас последниве денови. Ова не е тажен момент, туку среќен. Долго време се борев со болка. Претходно, можев повеќе или помалку да го издржам напорот и да му помогнам на тимот, но како поминува времето, тоа е помалку и помалку. Секое тело има своја граница. Тоа е тоа. Сега екипата е подобра без мене, изјави Адурис.

Во 21 век, Адурис е најдобар стрелец на клубот. Вкупно, тој има 407 натпревари за тимот и постигнато 172 гола.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]