Адама Траоре: Не знам дали би се вклопил во Барселона


Адама Траоре: Не знам дали би се вклопил во Барселона - МИА

Барселона, 8 октомври 2020 () – Крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре синоќа дебитираше за Шпанија и остави добар впечаток со својата игра.



– Јас сум професионалец и работам напорно. Никогаш не сум се натпреварувал на 100 метри, но би сакал. Брзината понекогаш ме изненадува, но тоа е дел од мојата игра, рече 24-годишниот шпански репрезентативец.

Адама е дете на Барселона, и ова неизбежно го предизвикува прашањето за враќање на „Камп Ноу“.

– Ансу Фати и јас зборуваме за сè. Растевме заедно во Академијата во Барселона. Не знам дали би се вклопил во Барселона. Моите мисли се насочени кон развој секој ден, рече тој.