Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“


– Министерството за внатрешни работи утре ќе воведе посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се одвива спортско-рекреативна трка „Прв до врв“ во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Какао што информираат од МВР,  почеток на манифестацијата е во 9:45 часот,  а трасата на движење на велосипедската трка е од пред Музеј на град Скопје на улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).

Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*