Спортски натпревари меѓу средните училишта на Скопје и Подгорица


Во Подгорица, Црна Гора денеска почнаа спортските натпревари меѓу најдобрите екипи од средните училишта од Скопје и од Подгорица.

Пред почетокот на натпреварите се обрати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и ги поздрави екипите на Подгорица и на Скопје. На натпреварите присуствуваше и делегација од кабинетот, како и членовите на Советот на Град Скопје Соња Глинџарска, Лука Кржалоски и Ибуш Јусуфи.

– Средношколските екипи од Скопје се натпреваруваат со нивните врсници од Подгорица во кошарка, ракомет и футсал во машка и во женска конкуренција, како и во одбојка во женска конкуренција. Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Подгорица се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа спортски гостувања во Нирнберг, Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Претходно, во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје учествуваа 245 екипи, а се одиграа над 1.000 натпревари во кои се вклучија околу 7.000 ученици од 29 средни училишта од Скопје.

– За организација и реализација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот Скопје годинава одвои 3.500.000 денари. Дополнително, и оваа година додели стипендии за спортистите средношколци од Скопје, односно додели 105 стипендии во висина од 3.000 денари месечно, за 8 месеци, средства обезбедени од буџетот на Град Скопје, се вели во соопштението.

Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства од повеќе области што се значајни за двата града.

Вести

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово […]

Вести

Почина Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82 – годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието. Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки. Драги Арсов е и […]

Вести

Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“

Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на 17. „Пивофест 2019“.  Се поставува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се уредуваат и штандовите за пиво и скара. Фестивалот ќе трае од 18 […]