Шилегов: Македонскиот народ успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои




Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов испрати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври.

„ Драги сограѓани, Ви го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение.

Денес, после 79 години од почетокот на македонската борба за ослободување од фашистичкиот окупатор, имаме со што да се гордееме. Во тие тешки времиња, Македонците ја одбраа страната на слободата рамо до рамо заедно со сите народи кои храбро му застанаа на патот на фашизмот како најголема закана за човештвото.

Македонскиот народ тогаш успеа да се избори за слободата благодарение на храбрите херои кои ги положија своите животи за нашата татковина.

Нека ни е за многу години денот и уште долго да ја славиме слободата“ се вели во честитката.