Седми хуманитарен Црвено-црн бал „Верувај и љуби”



– Лајонс Клуб Зограф вечер во Скопје со почеток во 20 часот го организираат седмиот хуманитарен Црвено-црн бал “Верувај и љуби”. Собраните средства ќе бидат донирани на Родителската куќа за престој на родители на деца кои се лекуваат од канцер.

Родителската куќа се наоѓа во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” – Скопје, каде претстојуваат родители чии деца се лекуваат на хематоонколошкото одделение на Детската клиника, а се од внатрешноста на Македонија. Се состои од четири апартмани, трпезарија со кујна, дневна соба и библиотека.

-Престојот за родителите е целосно бесплатен, ние како здружение САНО се грижиме за да им обезбедиме храна, чиста постелнина, интернет да комуницираат со своите семејства. Собраните средства ќе бидат наменети за подмирување на овие потреби во понатамошното работење на куќата, наведуваат организаторите.

Хуманитарниот Црвено-Црн Бал “Верувај и љуби” што ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360 rooftop ќе биде збогатен со лотарија, и настап на студенти од Факултетот за музичка уметност. Цената на билетот изнесува 1.300 денари, во која е вклучена донација и вечера. 


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]