Реновирано спортското игралиште во студентскиот дом „Гоце Делчев“


Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска ќе биде пуштено во функција реновираното спортско игралиште во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведен од  Младински образовен форум. 

Акцијата, што се одржа од 1-ви до 20-ти минатиот месец, ја спроведоа студенти членови на Младински образовен форум и со поддршка од Општина Карпош и Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје.

Се работеше на реновирање и приспособување на постоечкото спортско игралиште, кое неколку години не беше во функција. Игралиштето е обновено и целосно функционално, со кое студентите добиваат простор за спортски активности во текот на нивното домување во студентскиот дом „Гоце Делчев“.Со оваа акција се заокружува низата студентски акции во државните студентските домови. Студентските акции од проектот се спроведуваа во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во тек на јуни и јули годинава.

Вести

До крајот на декември ќе бидат познати сите детали за инвертерите

Премиерот Зоран Заев очекува  до крајот на месецов јавно да бидат објавени сите постапки за субвенционирање на инвертерите. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека од страна на Владата се завршени сите постапки и […]

Вести

Изградени 70 проценти од магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар

Mагистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 78 километри има 70 процентна реализација во градбата,беше посочени при денешниот увид во изградбата на трасата на гасоводот во Тетово, во близина на селото Фалише. […]