Reborn Поп ап шоп (vol. 3) оваа сабота во Ланголо

Не се подготвува ново поглавје, ниту нова приказна во градот, туку стариот и добар Поп ап шоп на Reborn. Истиот ќе се одржи во сабота, 8-ми декември 2018, од 12.00 до 16.00 часот во Ланголо ди Кафе во Скопје. Ова мало и пријатно место може да се најде близу Католичка црква, веднаш до амбасадата на Романија во Македонија, на улица Никола Тримпаре.

Reborn го организира овој настан после повеќе од една година пауза, точно и неслучајно на време за купување подароци. Ова е третиот Поп ап шоп и оваа година ќе им се придружат MightyJewelry, 5 до 12, Марио Манески, Foreground Totebags, АнАрт (Handweaving Studio) и Magda Station. За музиката ќе бидат задолжени Скопски грув

Настанот на Фејсбук 

Кафе и подароци… Има ли подобро?!

На мапата е локацијата на Ланголо ди Кафе

 


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]