Прва мала просторна интервенција во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје


– Младински образовен форум во соработка со Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ денеска ја постави првата мала просторна интервенција во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, со цел создавање дополнителен простор за студентите каде ќе можат да го поминуваат своето време.
Како што соопштија од МОФ, примарната цел на проектот е поттикнување на институциите на потранспарентно и поодговорно управување со студентските домови, како и вклучување на други институции, организации и правни лица за подобрување на условите во домовите.
Идејата е произлезена од Работилницата за мали просторни интервенции во студентските домови одржана во февруари, а во која учествуваа студенти по архитектура од целата држава, меѓу кои и студенти-станари во студентскиот дом „Пелагонија“.
Според програмскиот координатор во МОФ, Петар Барлаковски, оваа просторна интервенција претставува мало поместување во насока на подобрување на инфраструктурата на домовите.
Целта на оваа активност, како што истакна Сара Симоска, претседателка на МЕЛЕЕМ и партнерска организација која работи на проектот, е да се внесат нови содржини во отворените и заборавени простори во самиот студентски дом.
-Малите просторни интервенции се доказ дека овие интервенции можат да бидат двигател на многу општествени промени. За крај, интервенцијата останува на грижата на самите студенти со што се создава чувство на припаѓање и одговорност кон нивниот дом, рече Симоска.

Ова активност е во рамки на проектот „Ангажирани студенти за студентски домови без корупција во Северна Македонија“ поддржан од Фондацијата Отворено општество.

Во текот на месец октомври ќе се реализираат уште две просторни интервенции во домовите „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“.


141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Вести

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

– Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*