Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба


Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари.

Учесниците на протестот ја блокираа главната улица „Перо Наков“ со транспаренти со кои бараат властите да се повлечат од идејата, бидејќи според нив, тоа треба да се направи на поизолирано место, а не среде населба каде има градинки и училишта. Сметаат дека и локалната власт треба да организира референдум за ваквата одлука, велат, градоначалникот не добил мандат за тоа.

Ако локалната и централната власт не го прифатат нивното барање жителите од населбата најавуваат радикализација на протестите.

Вести

Им престана мандатот на помошниците на Јанева, ќе бидат распределни во ОЈО од кои дошле

Советот на јавни обвинители денеска на вонредната седница, која беше продолжение на таа од саботата на која се одлучуваше за разрешувањето на Катица Јанева, донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно […]

Бизнис

Горивата поскапуваат

Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување […]

Вести

Јанева по СЈО разрешена и од ОЈО Гевгелија

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на СЈО Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во […]