Преку „Средношколски игри“ ученици од Скопје испратија пораки за заштита на здравјето


 – Ученици и наставници од повеќе скопски средни училишта денеска во Градскиот парк учествуваа на 7. „Средношколски игри“ од каде испратија пораки за заштита на здравјето, практикувањето здрав начин на живот, чувањето на природата и меѓусебната толеранција.
Манифестација се одржува под мотото „Заедно во природа“, а ја организира Здружението на граѓани „СФЕРА“ Скопје.
Како што посочија од Здружението, манифестацијата вклучува различни активности/натпревари во природа (во знаењево уметнички вештини– цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри…), со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

-Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а локацијата на која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот, заштита на животната средина и почест престој во природа, соопштија од Здружението „СФЕРА“.

Манифестацијата ја поддржа Град Скопје, а ја спонзорираа компаниите „Магрони“ и „Виталија“.


Вести

Нови ковид мерки – Угостителите ќе работат до 23 часот, администрацијата од дома, а јавниот превоз со преполовен капацитет

– Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од […]

Вести

Угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да […]

Вести

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*