O2: Првпат после 30 години, во редовен експеримент оваа година не можело да се забележи кој е пушач!

⛔️ Првпат после 30 години, во редовен експеримент оваа година не можело да се забележи кој е пушач, а кој не, зошто 90% од студентите биле интоксицирани со цијаниди, како да работат во индустрија со олово.

Токсичниот воздух во Скопје е најверојатниот причинител.

Цијанидите во воздухот, ако ги изземеме цигарите, може да се од индустријата, металургијата, рударството, издувните гасови од возилата, пожари, горење на одредена пластика, понатаму согорувањето на одредени биомаси, комунален отпад, итн.

Сите сме длабоко интоксицирани од загадениот воздух, ама со 2 милиони евра Владата ќе го намалува аерозагадувањето. Колку да се каже дека нешто се направило.

⛔️ СЕКОЈА година 20 пати повеќе луѓе умираат од загадениот воздух во земјава од загинати во сообраќајни незгоди.

⛔️ СЕКОЈА година имаме повеќе жртви од загадениот воздух отколку од загинатите во конфликтот во 2001.

⛔️ 9 луѓе СЕКОЈ ДЕН умираат поради загадениот воздух во земјава.

⛔️ 3,200 умираат СЕКОЈА година во земјава поради загадениот воздух.

⛔️ 32,700 години на изгубен живот поради прерана смрт имаме СЕКОЈА година во земјава поради загадениот воздух.

Луѓе трујте се и умирајте слободно е пораката на Владата.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]