Мојот маж“ – премиера на Драмски театар според расказите на Румена Бужаровска


– Драмски театар-Скопје в сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ според истоимената книга раскази од писателката Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ.

Од книгата на Бужаровска се избрани шест раскази чија драмска адаптација ја направија Викторија Рангелова-Петровска и режисерката Витошевиќ. Таа денеска на прес-конференција посочи дека претставата отвора три клучни теми: промашен живот во депресивно опкружување, неверство и грижа на совест. Се обиделе, рече, да нурнат во своите мисли и да трагаат по психата за да отворат горливи прашања во нашето општество.

-Преку отворање ранливи точки да проговориме за некои стигми и табуа кои се длабоко вкоренети во македонскиот конзервативизам и патријархат и на многу искрен и реален начин да воспоставивме дијалог, не само со расказите на Румена, туку и со самата публика. Така што, целата претстава е наш дијалог со нејзините раскази и со самата публика, истакна Витошевиќ.

Актерите Сања Арсовска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Трајанка Илиева-Велиќ, Исмет Шабановиќ, Игор Ангелов, Сара Климовска и Филип Трајковиќ покрај со актерската игра придонесуваат и со авторски монолози. Тие ја  опишаа претставата како емотивна, искрена и храбра зашто на сцената се „соголуваат“  и себеси, раскажуваат вистински  лични приказни, некои што не ги кажале ни пред најблиски.

-Секој од нас вади парче од својот живот на сцената. Но не за да покажеме колку можеме да се отвориме, туку за да им помогнеме на оние што се идентификуваат со она што е на сцената, рече Арсовска.

Режисерката и актерите се особено задоволни и од тоа што на сцена се поставува македонска авторка, притоа и позната и преведувана на Балканот.


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]