КРВОДАРИТЕЛ: Нашето здружение ја посети архивата на град Скопје и доставивме ново барање


Нашето здружение ја посети архивата на град Скопје и доставивме ново барање во чиј прилог беше и барањето за кое не добивме никаков одговор.



Се надеваме дека овој пат нашите предлози/барања, кои се издржани и практични, ќе бидат разгледани, усвоени и ставени во пракса.

Крводарителите се категорија на граѓани за кои на луѓето им текнува само тогаш кога ќе им притреба крв.
Време е да се делува проактивно, со цел да се почувствуваат ценети, а со тоа и дополнително мотивирани за да ја продолжат својата хумана мисија со поголем елан.
Време е да се уважат луѓето од чии вени и крв зависи супортивниот дел на целата медицина, а со тоа и многу веќе спасени животи и животи кои допрва ќе бидат спасени.
Град Скопје