Конференција „Како да го зазелениме урбанизмот“

Во  организација на „Зелен Институт“ од Скопје и Демократска обнова на Македонија – ДОМ, а со поддршка на „Bureau de Helling“ од Холандија, денеска ќе се одржи конференција на тема „Како да го зазелениме урбанизмот?“.

Настанот има за цел да го акцентира урбаното зеленило како неопходен услов за здрав и квалитетен живот во градовите и населените места, со отворање на прашањата за местото на зеленилото во процесот на урбанистичко планирање, колку се применува Законот за зеленило донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20 отсто зеленило на градежна парцела, за тоа каде лежат пречките за имплементација на Законот и како да се обезбеди негова поефикасна примена, а со тоа и хуманизирање на просторот.

Најавено е излагање на државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]