Ќе го следи ли некој друг примерот на Трајче од пазарче?


– Досетливо момче од Скопје нашло начин како да им помогне на постарите лица додека трае вонредната ситуација во земјава поради коронавирусот и додека сите сме во изолација.

Им доставува до дома основни прехранбени производи. Нарачките ги подготвува веднаш. Не треба да помине многу време додека се најдат на нечија трпеза.

Притоа, вели, строго се запазени мерките за заштита од КОВИД-19.

„Трајче од пазарче“.

На вака едноставно насловениот „флаер“ што кружи по социјалните мрежи, може да се прочита бројот на мобилниот телефон на Трајче, уредно се запишани производите што тој ги нуди заедно со цените, а објаснет е и начинот на реализирање на испораката. Мотото е – „Свежо овошје и зеленчук директно до вашиот дом“.

Трајче Ристевски, скопјанец, е тезгаџија од пазарчето во Ѓорче. Сака да им помогне на сите, но најмногу на постарите. Впрочем, така стои и на „флаерот“: „Да ги заштитиме повозрасните да не доаѓаат на пазар“.

-Граѓаните полека почнуваат да ја прифаќаат мојата идеја пласирана преку социјалните мрежи. Нарачки имам, главно од повозрасни, но, секако и од помлади луѓе во градот. Нудам речиси се од овошје и зеленчук. До утре важат цените наведени на „флаерот“, а од 27 март ќе ги договараме на мобилен, вели Трајче.

Банана (68 денари), цитрон (62), јаболка (35-55), киви (85), лимон (155), портокал (65), домат (95), краставица (77), лук (15), морков (35), кромид (43), марула (20).

Трајче нуди и гравче (126 денари за килограм), компир (28) и ориз (60).

Најголем дел од нарачките засега му се во Центар, Капиштец и Бутел.

-Испораката е веднаш, истиот ден. Колку порано се направи нарачката, толку порано ќе биде и  доставена. Плаќањето е на рака, исто како на пазар, истакнува Трајче.

Неговата намера е благородна, останува граѓаните да проценат колку цените што тој ги нуди за нив се прифатливи.

Во меѓувреме, можеби ќе се појави уште некој „Трајче од пазарче“.

Мирјана Чакарова


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]