ЈП Водовод и канализација: Граѓаните да не фрлаат отпад во канализацискиот систем


– ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека екипите на секторот канализација и механизација во изминатите денови повторно се соочиле со затната канализација како резултат на неодговорно и несовесно користење на канализацискиот систем.


 

– Во селото Драчево на ул. „Речиште“ беа исчистени и одзатнати пет шахти со длабочина од четири метри, како и цевките кои ги поврзуваат. Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид. Апелираме на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот, посочија од секторот канализација.