Јавна дегустација на традиционална храна од регионот


Ајвар, гулаш, штрудла, пита, ќе бидат само дел од традиционалните производи што ќе може да се дегустираат вечер во Јавна соба.

Ќе ги приготвуваат млади готвачи професионалци според рецепти од поширокиот регион.

Настанот е дел од проектот „Гастрономска мапа на Западен Балкан“, кој има за цел да ги мапира регионите каде што има традиционална подготовка на балкански јадења. Се спроведува во соработка со АРНО од Скопје, „Генератор“ од Врање, КЦИЦ од Гњилање и „Бона Фиде“ од Пљевља, со поддршка на Фондот на Западен Балкан.

– Проектот презентира нетипични категории на локалното население кои ги зачувуваат локалните гастрономски традиции, како млади готвачи, идни балкански фјужн-готвачи, женски професионалци и високоедуцирани жени, жртви на домашно насилство, обожаватели на рокенрол, како и типичните зачувувачки на традицијата – жени активни во малцински здруженија на жени, велат од АРНО.

Покрај работилниците за готвење и јавна дегустација, проектот ќе резултира со објавување книга-готвач, осум видеа за готвење и пет разгледници со мапи на пет специфични јадења: ајвар, гулаш, штрудла, пита…

– Преку овој проект сакаме да ги зајакнеме регионалната соработка и редовната комуникација, како начин за позитивни и конструктивни решенија за различните регионални конфликти. На дегустацијата ќе прикажеме некои од резултатите од овој проект: четири разгледници со четири мапи од четири јадења од Западен Балкан и видео за приготвување храна, со што и ќе го одбележиме Меѓународниот ден на мирот, дополнуваат од АРНО. 


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]