Донација на две амбулатни возила за Здравствениот дом Скопје


Општина Чаир денеска ќе донира две амбулатни возила за Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом Скопје.



На примопредавањето, според најавите, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и директорот за економски прашања на Здравствениот дом Скопје, Бесим Кока.

Примопредавањето на донацијата ќе биде пред административната зграда на Општина Чаир.