АДСДП врши дезинфекција во сите објекти кои се во нејзина надлежност


– Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција во 20 социјални згради низ целата држава, во четири катни гаражи со кои стопанисува, како и во самата Дирекција и 11-те подружници.

– Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19. Станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините. Средството што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е  и потполно безбедно за околината. Во насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија, информираат од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Оттаму, најавуваат дека акцијата за дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.


Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]

Вести

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19, наскоро ќе биде поставена монтажна болница со 130 легла

– Досега во земјава се регистрирани 241 случај на заразени лица со коронавирус. Четири лица се починати, а тројца се излечени. Од Влада пораачаа дека државните карантини се безбедни и строго контролирани. Владини претставници извршија […]