Врела љубовна напивка


Врела љубовна напивка - МИА

Со оваа комбинација на чоколадо, ароматични зачини, слатка павлака и млеко вашиот живот ќе стане сладок…

Потребно е:400 мл полномасно млеко150 г чоколадо за готвење2 кесички ванилин шеќер1 стапче цимет1 чили (луто) пиперче2 лажичиња кафеав шеќер100 мл слатка павлака1 лажица ликер амарето2 лажици рендано чоколадо

Подготовка:
– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер и кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење.

– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.

– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напивката ставете ја да се вари до вриење.

– Напивката распоредете ја во чаши и пред да ја послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.

– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.

 


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*