Ванилици со афион

Вкусни посни колачиња, малку поинакви од обичните ванилици, но неверојатно вкусни…

Потребно е:
250 г маргарин, на собна температура
130 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
300 г брашно
200 г мелен афион
џем, по желба

Подготовка:
– Вклучете ја рерната да се загрее на 170 Целзиусови степени. Земете две тави за печење и обложете ги со хартија за печење.

– Во еден сад ставете ги маргаринот, шеќерот во прав и обичниот шеќер. Изматете ги убаво додека маргаринот не стане пенест. Додадете ги брашното и мелениот афион и со рака замесете тесто.

– Поделете го тестото на неколку дела и еден по еден развлечете ги меѓу две пластични фолии. Тргнете ја горната фолија и со чаша или калап исечете кругови од тестото. Наредете ги круговите тесто на хартијата во тавите и ставете ги да се печат во загреана рерна 8-10 минути.

– Печените колачиња оставете ги малку да се изладат затоа што ќе бидат меки, а потоа префрлете ги во чинија и оставете ги убаво да се изладат.

– Изладените колачиња спојувајте ги две по две со џем. Чувајте ги во метална кутија.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]