Тоскански сладолед од лешници


Супер богат сладолед кој нема да ги остави рамнодушни дури и оние кој не обожуваат сладолед …

Потребно е:
200 г лешници
6 жолчки
180-200 г шеќер
1,1 л полномасно млеко
2 лажици ликер од лешници или екстракт од ванила
500 мл слатка павлака, изматена
1 лимон (сок и кора)

Подготовка:
– Тостирајте ги лешниците во загреана рерна околу 5 минути. Внимавајте да не се препечат. Додека се уште топли отстранете ја лушпата на тој начин што ќе ги ставите во кујнска крпа и тријте ги со рацете. Сомелете ги во блендер, но не многу ситно.

– Убаво изматете ги жолчките со шеќерот.

– Во сад на рингла загрејте го млекото скоро до вриење, потоа тргнете го садот на страна и набрзина измешајте ја смесата со изматени жолчки и шеќер. За да не се згрутчат жолчките додавајте го топлото млеко малку по малку со постојано матење со миксер.

– Во сад со двојно дно или пак во сад на пареа варете го кремот со нежно мешање со дрвена лажица додека не се згусне.

– На крај додадете ги тостираните и измелени лешници.

– Ставете го кремот да се излади во фрижидер или пак на тој начин што ќе ја сипете во сад кој е потопен во друг сад со мраз.

– Додадете го ликерот од лешници или екстрактот од ванила, потоа додадете ја и претходно изматената слатка павлака и полека измешајте. На крај додадете ја и изренданата кора и сок од лимон.

– Смесата ставете ја во апарат за сладолед. Но ако немате таков апарат тогаш смесата сипете ја во длабок пластичен сад и ставете ја во замрзнувач и на секој 30 минути промешајте ја смесата (4-5 пати), за да не се создадат кристали од мраз.

– Количината на шеќер во рецептот може да ја менувате во зависност колку сакате да биде сладок сладоледот.

Вести

Почна средбата меѓу Заев и Мицкоски на која ќе се решава судбината на СЈО

Во Собранието почна средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа […]

Вести

ОЈО испрати допис до СЈО за преземање на предметите

Основното јавно обвинителство испрати допис до Специјалното јавно обвинителство во врска со преземањето на предметите, потврдија попладнево од ОЈО. Дописот за преземање на предметите следува по неодамнешното известување што од притвор го испрати специјалната јавна […]

Вести

Разрешен Јово Вангеловски, за в.д. претседател на Врховиот суд избран Фаик Арслани

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување. За […]