Торта од пченица

Совршено слатко задоволство за време на пости…

Потребно е:
За корите:
250 г мед
250 мл пиво
200 г шеќер
1 лажица сода бикарбона
380 г брашно
малку шеќер во прав за посипување

За филот:
300 г
 шеќер
200 мл вода
300 г мелени ореви
300 г варена мелена пченица
малку рендано морско оревче
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:
– Соединете ги медот, пивото и шеќерот и мешајте ги за да се растопат медот и шеќерот. Додадете сода бикарбона и брашно. Замесете меко тесто.

– Откако ќе го измесите тестото, поделете го на 4 дела.

– Од секој дел во тавче обложено со хартија за печење испечете кора во загреана рерна на 180 Целзиусови степени. Корите се печат кратко време, пазете да не ви изгорат.

– За фил, во сад соединете ги со постојано мешање 300 г шеќер и  200 мл вода. Додадете 300 г мелени ореви и 300 г варена мелена пченица со малку рендано морско оревче и 2 кесички ванилин шеќер.

– На една поголема чинија ставете ја прво едната кора и премачкајте ја со претходно подготвениот фил. Повторете ја истата постапка и со другите две кори. Третата кора посипете ја со шеќер во прав.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]