Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда


Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда - МИА

Љубљана, 16 јуни 2020 () – По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет, јави дописникот на од Љубљана.

На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту еден ресторан не му успеало до добие две ѕвезди оддеднаш.

-Ова е посебен ден за Словенија и словенечката гастрономија, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек непосредно по објавувањето на информацијата.

Оценувачите на Мишелен минатата година анонимно посетија голем број ресторани во Словенија. Како што изјави меѓународниот директор на оценувачите Гвендал Пуленец, тие биле воодушевени од земјата и како што кажа „кулинарските бисери“ кои ги поседува.


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*