Руско ќофте

Убава идеја за денешниот ручек …

Потребно е:
500 г мешано мелено месо (говетско и свинско)
1 јајце
неколку лажици лебни трошки
3 млади кромидчиња, ситно сецкани
300 г шампињони, сецкани на ливчиња
2 поголеми кисели краставички, исечени на стапчиња
250 мл неутрална павлака
1 лажица брашно
1 лажица мелена црвена пиперка
1 лажица сенф
малку свеж магдонос
сол, бибер
масло

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги месото, јајцето, малку сол, бибер и лебните трошки. Со раце замесете ја смесата да се соединат сите состојки.

– Од оваа смеса кинете мали парчиња и со раце обликувајте ќофтенциња.

– Ќофтенцињата ставете ги да се пржат на врело масло да поруменат од сите страни. Готовите ќофтиња ставете ги на една чинија.

– На истото масло (додадете малку масло ако е потребно) испржете го сецканиот млад кромид и печурките околу 5 минути.

– Пред крај додадете ги и сецканите кисели краставички, брашното, мелената црвена пиперка, сенфот и павлаката. Оставете да почне да врие и потоа додадете ги и ќофтенцата. Зачинете по вкус.

– Горната смеса пресипете ја во огноотпорна тава и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-тина минути.

– Пред служење посипете со сецкан свеж магдонос.


Бизнис

Фондот за Западен Балкан додели грантови за 24 проекти

Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан во Тирана ја одржа дводневната партнерска работилница и церемонијата за доделување на грантови од 24-те победнички проекти од вториот повик на ВБФ. На настанот присуствуваа високи претставници од министерства за […]

Вести

Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари. Учесниците на […]

Вести

Марш за Денот на параплегијата и дистрофијата во Скопје

Денот на параплегијата и дистрофијата денеска беше одбележан со марш организиран од Националниот сојуз на лица со попреченост „Мобилност“, под слоганот „Силата не е во чекорењето, силата е во издржливоста!” Неколку години по ред, секцијата […]