Најбрза пита со сирење


Изненадете ги домашните со оваа вкусна пита …

Потребно е:
10-12 кори за пита
околу 700 г сирење
3 јајца
4 лажици масло
2 полни лажици пченичен гриз
2 лажици кисела павлака
400 мл јогурт
сол, по вкус
1/2 кесичка прашок за пециво
парче путер

Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата и додадете ги издробеното сирење, маслото, гризот и прашокот за пециво. Потоа додадете ги јогуртот, киселата павлака и солта и убаво изматете.

– Тавата премачкајте ја со путер. Парчето путер растопете го.

– Секоја кора премачкајте ја со неколку лажици од филот и завиткајте ги како ролни. Потоа од нив направете полжавчиња. Наредете ги во тавата.

– Премачкајте ја питата со растопениот путер.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 цезлиусови степени околу 20 минути.

– Послужете ја топла со кисела павлака, кисело млеко или јогурт.

Вести

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово […]

Вести

Почина Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82 – годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието. Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки. Драги Арсов е и […]

Вести

Завршуваат подготовките за „Пивофест 2019“

Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на 17. „Пивофест 2019“.  Се поставува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се уредуваат и штандовите за пиво и скара. Фестивалот ќе трае од 18 […]