Мини говедско Велингтон (по рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер)

Идејата за овој рецепт е добиена од познатиот рецепт за бифтек Велингтон. Овде наместо говедски бифтек, се користи мелено говедско месо во комбинација со мелен ким и кари прав. Наместо мелено говедско месо можете да користите свинско или пак јагнешко мелено месо, а може и мешано.

Потребно е:
1 главица црвен кромид, ситно сецкан
1 морков, изрендан на крупното ренде
2 чешниња лук, ситно сецкани
1 гранче целер, ситно сецкано
1 прстофат мелен ким
1 прстофат мелен чили во прав
500 г мелено немасно говедско месо
200 г грав од конзерва
1 лажица пире од домати
морска сол
свежо мелен бибер
2 јајца
2 лажичиња брашно
500 г лиснато тесто
1 рака мелен кашкавал (гауда, ајдамер)
маслиново масло

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.

– На загреано маслиново масло пропржете го сецканиот кромид, сецканит лук и целер, изренданиот морков и динстајте на средна температура околу 10 минути, односно додека не омекне целиот зеленчук.

– Додадете ги зачините, измешајте убаво и динстајте уште некоја минута. Потоа целата содржина префрлете ја во друг сад и оставете да се излади.

– Кога зеленчукот ќе се излади во садот додадете го и меленото месо, гравот и пирето од домати. Додадете и прстофат сол и прстофат бибер и едно изматено јајце. Целата содржина замесете ја со раце за да добиете хомогена смеса.

– На работната површина посипете го брашното и на него ставете го лиснатото тесто. Развлечете го малку со сукало, но да го задржи правоаголниот облик. Исечете го на 4 еднакви делови.

– Смесата од месо распоредете ја подеднакво на сите 4 парчиња лиснато тесто. Оставете по 2 см од краевите на тестото.

– Врз месото посипете од ренданиот кашкавал. Краевите од тестото премачкајте ги со второто изматено јајце за да може полесно да се залепат. Преклопете ги краевите и притиснете ги со прсти за да се залепи тестото. Истата постапка повторете ја со сите парчиња лиснато тесто.

– Тавата за печење посипете ја со брашно и на брашното ставете ги парчињата лиснато тесто. Секое парче премачкајте го со изматено јајце.

– Тавата ставете ја во загреаната рерна и печете го мини говетското Велингтон околу 25 минути односно додека не добие златна боја.

– Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со сезонска салата.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*