Крем од кафе со ореви


Изненадете ги пријателите со овој вкусен ароматичен десерт…

Потребно е:
6 жолчки од јајце
300 мл сварено инстант кафе
600 мл млеко со поголема масленост
1 стапче ванила
180 г шеќер
200 мл слатка павлака
30 г шеќер во прав
8 исчистени половинки ореви
сол

Подготовка:
– Свареното инстант кафе сипете го во тава да добиете слој со дебелина од 1 прст. Ставете ја во замрзнувач.

– Во сад на рингла сипете го млекото и додатете го стапчето ванила пресечено по должина. Момент пред да почне да врие тргнете го садот од рингла.

– Во огноотпорен сад ставете ги жолчките, 120 г шеќер и прстофат сол и почнете со матење. Треба да добиете густ крем.

– Во кремот постепено додавајте го млекото во тенок млаз (претходно тргнете го стапчето ванила од млекото) со постојано матење.

– Кремот ставете го да се вари на пареа околу 10 минути со постојано матење, односно додека не почне да се згуснува. Садот со врелеио крем потопете го во друга сад со вода за да го изладите кремот.

– Во друг сад на рингла ставете го да се вари преостанатиот шеќер и 2 лажици вода додека да добиете темен карамел.

– Половинките ореви наредете ги на алуминиумска фолија и одозгора прелијте ги со карамелот.

– Изладената слатка павлака изматете ја со шеќерот во прав (ако не е засладена).

– Тавата со замрзнатото инстант кафе извадете ја од замрзнувач. Изрендајте го или сомелете го замрзнатото кафе.

– Кремот распоредете го во 4 украсни чаши, одозгора посипете го со смрзнатото кафе, измаатената слатка павлака и украсее со карамелизираните ореви.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]