Бела торта


Бисквитно тесто од белки, вкусен бел крем со рендано бело чоколадо и кора од лимон…

Потребно е:
за бисквитното тесто:
170 г брашно
8 г прашок за печиво
80 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
3/4 лажиче сол
80 мл масло
80 мл млако млеко
4 белки, на собна температура
2 лажичиња екстракт од ванила
100 г путер, на собна температура
ситно изрендана кора од 1/2 лимон

за кремот:
350 мл млеко
4 жолчки
40 г нишесте
2 кесички ванилин шеќер
1 лажица шеќер
2 лажичиња екстракт од ванила
100 мл слатка павлака
70 г бело чоколадо, изрендано
ситно изрендана кора од 1/2 лимон

Подготовка:
– За подготовка на бисквитното тесто во еден сад ставете ги брашното, прашокот за печиво, шеќерот и солта.

– Во друг сад изматете ги белките, па додатете ги млекото, маслото, лимоновата кора и екстрактот од ванила.

– Во брашното додадете го омекнатиот путер и матете додека не добиете хомогено ронливо тесто. Во него на два пати додадете ја смесата со белки и матете уште 2 минути додека не добиете хомогена смеса.

– Оваа смеса поделете ја на два дела и испечете две кори.

– Ставете ги да се печат во округол калап за торта со дијаметар 24 см на температура од 170 Целзиусови степени 25 минути. Проверете дали е печено со чепкалка за заби.

– Во меѓувреме направете го кремот. Во сад на рингла ставете 250 мл млеко и шеќерот да се варат.

– Во 100 мл млеко разматете ги нишестето и жолчките и оваа смеса додадете ја во млекото на рингла кога ќе почне да врие. Варете ја смесата на тивко со постојано мешање додека не се згусне.

– Кремот оставете го малку да се излади, а потоа ставете го во фрижидер и убаво изладете го.

– Во изладената смеса додадете ги екстрактот од ванила и коричката од лимон, кратко изматете. Потоа на два пати додадете ја слатката павлака и матете додека не добиете хомоген густ крем.

– Во кремот додадете го изренданото бело чоколадо и измешајте со лажица.

– На чинија за сервирање ставете ја првата кора. Полијте ја кората со малку млако млеко и екстракт од ванила во него. Потоа нанесете 3/4 од кремот и поклопете со второта кора. И оваа кора полијте ја со малку млако млеко и екстракт од ванила. Премачкајте со преостанатиот крем и ставете ја во фрижидер да се излади убаво.

– Кога тортата ќе се излади убаво, премачкајте ја со изматен шлаг и украсете по желба.

Вести

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но […]

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]