HUAWEI WATCH GT 2 Pro – исклучителен часовник за секоја прилика


HUAWEI WATCH GT 2 Pro

Што да се каже за часовник кој е изработен од лесна титаниумска рамка и има стакло од сафир кое е отпорно на гребење?!



Удобноста ќе ја гарантира керамиката од која е изработен долниот дел на часовникот. Истата е тука за да ви овозможи прекрасно искуство.

Часовникот овозможува над 200 дизајни на различни виртуелни дизајни кој го прави овој часовник лесно прилагодлив за секоја прилика. Дисплејот поддржува и прекрасни динамични прикази.

HUAWEI WATCH GT 2 Pro поседува напреден ЛЕД дисплеј и има четири фотосензори со интелигентни AI алгоритми. Часовникот прецизно мери SpO2 (сатурација на кислород) и отчукивања на срце, и сето тоа со помала потрошувачка на енергија. Исто така часовникот мери и VO2max  што е исклучително корисно за фитнес тренинзи.

Интересна можност кај HUAWEI WATCH GT 2 Pro е следењето на месечината. Часовникот прикажува 8 фази на месечината, а прикажува и кога изгрева и заоѓа сонцето.

Покрај дневните активности, спиењето и одморот се важен дел од денот за  оддржување на нашето здравје. Часовникот има шест модули за мерење на сонот кој се базира на HUAWEI TruSleep™ 2.0 технологијата која резултатите од сонот ги прикажува на научна основа. Доколку сакате да го подобрите вашиот сон, HUAWEI WATCH GT 2 Pro е вистинскиот часовник за вас. Благодарение на GT2 Pro ќе добиете совети како да го подробрите вашиот сон, а паралелено со оваа функција, часовникот во континуитет ќе го мери вашиот пулс и ќе го анализира вашето дишење. Сублиматот од овие инормации ќе биде прикажан како вкупен квалитет за вашиот сон.

HUAWEI не би бил тоа што е доколку не го подготви својот најдобар часовник за оние кои спортуваат. Часовникот поддржува прецизно следење на податоци за над 100 типови  на вежби, како што се планинарење, трчање на отворено, сурфање, тенис и.т.н., а вклучува и курсеви за трчање со гласовно водење за да ви даде повеќе сугестии за подобар тренинг. Со Route Back опцијата часовникот ги снима патеките по кои се движите и користи ГПС за прецизно лоцирање. Доколку сигналот е слаб, ве алармира, но и понатаму може да го снимате движењето.