Во Врапчиште и во Маврово-Ростуше почна гласањето на сите избирачки места


Првиот круг од шестите претседателски избори уторово почна на сите 39 избирачки места во општина Маврово-Ростуше.

Во избирачкиот список на територијата на Маврово Ростуше запишани се 9. 721 граѓанин со право на глас, кои гласаат на 39 избирачки места. Претседателот на ОИК Маврово Ростуше, Харис Ибраими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател.

Во Маврово-Ростуше вчера избирачкото право го искористија шест граѓани од седум пријавени.

Првиот круг од шестите претседателски избори утрово почна и на сите 39 избирачки места во општина Врапчиште.

Претседателот на ОИК Врапчиште Имер Ќазими потврди дека се обезбедени сите услови за спроведување на првиот круг од изборите за претседател и гласањето почнало навреме.

Во избирачкиот список на територијата на Врапчиште запишани се 25.594 граѓани со право на глас  Во текот на вчерашниот ден во оваа општина гласаа девет лица.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]