Post
Share:
More Posts

Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства на Албанија е подложен на политичко мешање
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски учествуваше на консултативна средба организирана од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со претставниците на малцинствата во земјата. Тема на средбата беше Нацртот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година. Во неговото излагање, во име на македонската заедница

Кисум и следната сезона останува во Еурофарм Пелистер
Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија, објави вечерва македонскиот ракометен првак. Триесетгодишниот

Трајковски: Исконтактиравме со околните општини, помошта е на пат
Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода, е на пат и чекаме, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на коишто им се поплавени домовите, може да се јавуваат на бројот 193 во Пожарната, изјави за МИА, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, по силното невреме што ги зафати Делчево и околината.

Американскиот претседател и британскиот премиер потпишаа нова „Атлантска декларација“ за зајакнување на билатералното економско партнерство
Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Риши Сунак денеска потпишаа нова „Атлантска декларација“ за зајакнување на билатералното економско партнерство. Лидерите на двете сојузнички земји се сретнаа во Белата куќа во Вашингтон. Декларацијата што ја потпишаа предвидува зајакнување на соработката меѓу САД и Обединетото Кралство за справување со најголемите економски предизвици. Според планот, Вашингтон и Лондон ќе ги зајакнат синџирите