Зибери ги повика Заев и Мицковски на телевизиска дебата


Зибери пред Владата ја претстави владината програма на ДУИ за прв премиер Албанец - МИА

Скопје, 30 јуни 2020 

Првиот кандидат за премиер Албанец ги повикува Заев и Мицковски на
телевизиска дебата

Откако ја претстави агендата за првите 100 дена како албански премиер,
Насер Зибери ги повика своите македонски политички противници на јавна
дебата на ТВ: граѓаните заслужуваат демократска дебата за идеите и
иднината на земјата.

„Сега е време да ги презентираме нашите програми, нашите идеи, нашите
визии, нашите концепти пред граѓаните на Северна Македонија“, рече
Зибери.

„Затоа, би сакал да ја искористам оваа можност да ги поканам двајцата
мои конкуренти за премиерската функција на ТВ дуел. ТВ дуелите меѓу
кандидатите за Премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде
низ светот. Уште еднаш им се обраќам и на господинот Заев и на
господинот Мицкоски, да ја прифатат оваа испружена рака да организираме
дебата на независните и неутрални медиуми, да имаме телевизиска дебата и
да ги информирате нашите граѓани за нашите погледи, визии и идеи, а со
цел да им биде полесно на граѓаните да донесат одлука на денот на
изборите“, продолжи Зибери.

Демократска унија за интеграција – ДУИ

__________________________________________________________________

овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


Вести

ИЈЗ: За 1,8 отсто зголемен бројот на заразени од Ковид-19, за 18,6 отсто зголемен бројот на починати

– Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од […]

Вести

За една недела регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излечени и 204 починати

  Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лица над 60 години, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 […]

Вести

Државна матура од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети

– Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни. Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*