Жерновски се сретна со претставници на австриската Зелена партија

Австрија даде силна и конструктивна поддршка за земјава за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на средба со претставниците на австриската Зелена партија. Тој ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ.

За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји од аспект на интензивниот политички дијалог и засилената парламентарна соработката со реализирање на тековни проекти.

Информираше за внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија, за претседателските избори, како и за амбициозната агенда на Владата во поглед на исполнувањето на реформите во судството, борбата против корупцијата, медиумите и разузнавачките служби.

Претставниците од Зелената партија се осврнаа на билатералните односи меѓу двете земји, кои се развиваат со силен интензитет во повеќе општествени сфери на делување. Изразија поддршка на надворешно – политичките приоритети на Република Северна Македонија, посебно во делот за добивање одлука за почеток на преговори на претстојниот Самит на ЕУ.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]