Жерновски на министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Хелсинки


– Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја предводи делегација на Северна Македонија на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржува денеска во Хелсинки, Финска, на која шефовите на европските дипломатии дискутираат за актуелните политички предизвици со кои се соочуваат европските демократии, но и самата организација.

Годинешната министерска сесија е во знакот на 70 годишнината од Договорот од Лондон, со кој се основа Советот на Европа, дом на сите европски нации собрани околу вредностите на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Жерновски, како што информираат од МНР, во својот говор ја истакнал пан-европската димензија на Советот на Европа и важноста на системот на конвенции за заштита и промоција на човековите права, демократските принципи и владеењето на правото.

Го подвлекол значењето на концептот „Едно општество за сите“ како императив на Владата со кој се обезбедува инклузивност и еднаков третман на сите поединци во македонското општество, што истовремено е и клучно за довербата на граѓаните во институциите и демократските процеси, и биле истакнати и реформските резултати во сферата на правосудството, борбата против корупцијата, социјалната заштита, невладиниот сектор и медиумите.

Во рамки на настанот, Жерновски имал и повеќе билатерални средби со шефовите на дипломатиите на повеќе земји членки на Европската унија, меѓу кои со МНР на Луксембург Жан Аселборн, со МНР на Холандија Стеф Блок, со МНР на Грција Јоргос Катругалос, со МНР на Норвешка Ине Ериксен Сореиде, МНР на Белгија Дидиер Рејндерс, со МНР на Турција Мевљут Чавушоглу, како и со Државниот секретар на Австрија Андреас Рикен.

На средбите, како се наведува во соопштението од МНР, било истакнато значењето на отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, како признание за постигнувањата во македонското општество, но и како инвестиција за продолжување на реформите и влог во стабилноста на регионот на Западен Балкан.

–          Ние испорачавме и затоа очекуваме валоризација на сработеното, како јасен сигнал за Европската иднина на целиот Регион, истакнал Жерновски на средбите.

Од страна на соговорниците, се вели во соопштението, било потенцирано дека Република Северна Македонија претставува добра вест за целиот регион и ЕУ, и пример за тоа дека преку визионерско лидерство и јасна европска перспектива на Балканот се можни решенија дури и на најделикатните отворени прашања.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]