Здружението на Полјаци ќе одбележи две децении постоење


Здружението на Полјаци во Република Македонија – Клуб „Полоња“ ќе го одбележи дведеценискиот јубилеј со пригодна културно-уметничка програма вечер од 19 часот во Музејот на македонската борба.


 

На програмата ќе бидат дела од Шопен во изведба на пијанистот Глигор Гелебешев и Јасна Аврамовска-Костенарова.

– Ќе бидат доделени благодарници на повеќе истакнати личности од нашата втора татковина – Македонија кои подигнаа многу мостови на соработка меѓу нашите две пријателски земји и направија да се чувствуваме пријатно во текот на нашите животи, отворајќи го богатството на разноликоста и подавајќи раце за прифаќање на помалку познатото кое го донесовме со нас, соопшти Клуб „Полоња“

Клубот „Полоња“ има ограноци и во Гостивар-Тетово, Охрид-Струга и Струмица-Радовиш каде што младите генерации  подолг период имаа можност да го изучуваат полскиот јазик и да се организираат културно-уметнички програми.