Здравковски: Власта ги намали средствата за образованието, техничко индустриските развојни зони и нема ништо од ветувањата за старт-ап центри и студентски кампус


На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски истакна дека оваа власт ги намалува средствата од буџетот за образованието, техничко индустриските развојни зони а нема ништо од ветувањата за старт-ап центри, отворање на фирми за едно евро со еден процент камата за млади, студентски кампус, студентски град, и нагласи дека средствата наместо за спортска инфраструктура одат за Наумче Мојсовски и сопругата да се шетаат до Токио на државна сметка.


 

„За подобра иднина на младите ние требаше техничко индустриските развојни зони да ги унапредиме, меѓутоа гледаме дека имаме намалување на средствата требаше да направите старт -ап центри, отворање на фирми за едно евро со еден процент камата за млади, меѓутоа и тоа не го направивте. Требаше да направите студентски кампус, студентски град и тоа не го направивте“ истакна Здравковски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски додаде и дека наместо средствата да одат за развој на инфраструктурата на спортската инфраструктура нашите средства од спортот одат за Наумче Мојсовски и сопругата Токио да го видат.

„Во основното образование имаме намалување за 6,91 процент, инклузивно образование 6,9 проценти, а тука кажувате дека ќе вклучите образовни асистенти, а имате намалување на средствата за инклузија за учениците во образованието. Во високото образование имаме намалување на буџетот за 2,07 проценти, проектите во средно образование ни се намалуваат за 63,69 проценти од средствата. Изградба на училишни и спортски сали во основни училишта, тоа е основа за здрав живот и за здрав развој на децата, ние ги намалуваме тука средствата и наместо средствата да ни одат за развој на инфраструктурата на спортската инфраструктура, нашите средства од спортот одат за Наумче Мојсовски  и сопругата Токио да го видат. Е па не оди така, наместо со тие пари да се направи некоја спортска сала“ нагласи Здравковски.