Засилени контроли за санкционирање на непочитување на сообраќајните правила



Лице лишено од слобода за нарушување на јавниот ред и мир во Скопје,  пријавени и неколку случаи за неправилности - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Во урбаните средини ќе има засилено присуство на сообраќајната полиција и „пајак“ возилата, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и информира дека МВР од вчера почна со спроведување засилени акциски контроли за санкционирање на непочитување на сообраќајните правила и прописи во Скопје, но и на територијата на целата држава.

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Ангеловски, се изречени вкупно 514 санкции, меѓу кои  возење без возачка дозвола 30, пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, нерегистрирани возила 18, санкционирани се 36 мотоциклисти, а одземени четири мотори. изречени се и 169 санкции за неносење заштитна маска.

Тој потенцира дека се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, особено оние кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето со возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и слично.

– Во урбаните средини заради обезбедување поголема проточност на сообраќајот, ќе има засилено присуство на сообраќајната полиција и „пајак“ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани возачите на мотори кои возат спротивно на приписите и ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови, изјави Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правла и прописи, не за да го избегнат плаѓањето на казните, како што истакна, туку пред се, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*