Засилени контроли за почитување на мерките, се разгледуваат и нови мерки


Филипче: Состојбата со болниците е стабилна, ГОБ „8 Септември“ и „Козле“ постепено се враќаат на редовно хоспитализирање - МИА

Скопје, 22 септември 2020 () – Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст.

– Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените  се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заброваија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризиокот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.

Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.

– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.

Тој оцени дека апсослутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитиваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството.

Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затовриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи.

Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бојот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите.

Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците.


Вести

Нови 247 случаи на КОВИД-19, оздравеле 321, починале 15 лица

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови. Од новорегистрираните случаи, во […]

Вести

Владини одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на УО на повеќе ЈП и АД

Владата на денешната седница донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, врз основа на предлозите на […]

Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

– Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*