Во посета на Собранието денеска ќе биде Карстин Хонге, заменик-спикер на Президиум на данскиот Парламент.
Хонге ќе има средби со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, со координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, со пратеникот од Движењето БЕСА Фадил Зендели, како и со членовите на Комисијата за европски прашања.