Заев за Индексот за корупција на ТИ: Треба уште многу да работиме и како држава и како општество


– Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање за Индексот за корупција на Транспаренси интернешенел, рече дека падовите во делот на корупцијата се однесуваат на периодот од 2006 до 2017 година.

– Ако аналитички ја гледате структурата на извештајот тој е правен по пет параметри, во два параметри имаме сериозен успех, во два параметри немаат коментари за нас. Петтиот параметар каде што има негативен коментар за нас од 2017 година, можете да видите дека сето тоа што се падови во делот на корупцијата или развојот во делот на транспарентноста и корупцијата во државата се случувало во еден период од 2006 година се до 2017 година, таму е одбележано со коефициенти и потоа самите коефициенти почнуваат да се враќаат на позитивно ниво, рече Заев.

Посочи оти тоа е показател дека успешните политики даваат резултат, но треба уште многу да работиме како држава и како општество.

Владата преку соопштение вчера реагираше на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ), според кој годинава Македонија бележи пад од 13 места. Годинава земјата е рангирана на 106, а лани била на 93-то место.

Во соопштението од Владата се наведува дека за бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнале отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, но дека е потребно и независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Од Владата наведуваат неколку активности што презеле за таа цел, како измени на Законот со кои на се зголемуваат надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата, лансиран е порталот „Отворени финансии“ со кој на увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]