Заев: Во критични времиња на пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени



Заев: Во критични времиња на пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Премиерот Зоран Заев, кој од вчера престојува во работна посета на Атина, на својот профил на Фејсбук објави дека синоќа имал вечера со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и екс-претседателот на Франција, Франсоа Оланд, со кои се согласиле дека „ова е време кога заедно со националните интереси на секоја земја, ги споделуваме и солидарноста и кохезијата за да направиме уште еден чекор напред кон подобра заедничка иднина“.

– Првиот работен ден на конференцијата на угледниот „Економист“ во Атина го завршуваме со заедничка констатација дека во критични времиња, предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, народите од Европа мора да бидат здружени во справувањето со заканата по здравјето на граѓаните, на јавното здравје, на економијата и на општественото живеење, наведе Заев во објавата.

Тој потенцира дека пандемијата со КОВИД-19 значително го промени нашето секојдневие, но заедно сме тука за да станеме посилни, за да ја совладаме и победиме заканата која предизвика здравствена, економска и социјална криза.

– Заеднички ја исцртуваме стратегијата за да излеземе од кризата посилни и со продлабочено пријателство од справувањето со кризата, додава премиерот Заев на својот Фејсбук профил.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*