Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1


Заев: Во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1 - МИА

Скопје, 16 мај 2020 () – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека во целост е реализирана првата бескаматна кредитна линија КОВИД 1, во чии рамки се одобрени 738 кредитни барања за компании со вкупно 6.524 вработени.

– Голем е интересот и за бескаматната кредитна линија КОВИД 2, за која аплицирањето заврши на 13-ти мај, до кога во Развојната банка пристигнаа 4.340 апликации, наведува Заев.

Тој посочува дека економскиот совет на СДСМ го финализира и третиот сет на мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

– Владата предводена од СДСМ преку трите сета мерки ги ублажува последиците на кризата, предизвикана со пандемијата на коронавирусот, додава Заев во објавата на Фејсбук.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]