Заев ветува европеизација и економски развој, Мицкоски обнова и промени


И Заев и Мицкоски очекуваат убедлива победа на 15 јули - МИА

Скопје, 6 јули 2020 () – Горд е целиот наш народ. Горди се Македонците заради сочувување, гарантирање и потврда на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Горди се Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, сите заедно успеавме да ја внесеме Република Северна Македонија во НАТО, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето до граѓаните на крајот од вечерашниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека следен заеднички предизвик е да се подигне економијата, да продолжат реформите, да се европеизира земјата, да се донесат европските фондови, да останат младите тука, а да се вратат тие што заминаа.

– После 15 години добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Ја имаме веќе и преговарачката рамка. Имаме пријатели околу нас, сите наши соседи ни се пријатели. Целиот демократски свет зборува со полна уста убави зборови за нашиот народ, за нашата земја, спремни да ја помогнат, да пуштаат европски пари. Докажавме дека можеме заедно, можеме уште повеќе, можеме уште подобро, нагласи Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, порача дека ова се избори кога одлуката е тешка, а не едноставна.

.Но, убеден сум дека со заокружување на реден број 14 сите вие ќе поддржите една поинаква Македонија од ова што денеска ни се случува. Ќе излеземе сите заедно од ова политичко мочуриште кое е обременето со „Луј Витон“ чанти, со трас-трас судски одлуки, политичари кои го навредуваат сопствениот народ, едно политичко мочуриште полно со срам, понижувања, омаловажувања и криминал, рече Мицкоски.

Тој вели дека е сигурен оти граѓаните ќе одберат иднина, многу работа, силна економија, реформи во здравството, земјоделието, образованието.

– Јас сум сигурен во силата на народот и заедно со народот нема да владееме, туку ќе работиме и ќе ја обновуваме нашата Македонија, дополни Мицкоски.

 


Собранието се конституира во вторник, по Илинден и разговорите за влада - МИА
Вести

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Скопје, 3 август 2020 () – Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива […]

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири - МИА
Вести

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Скопје, 3 август 2020 () – Одбележувањето на големиот државен празник 2 Август – Денот на Републиката, Илинден годинава помина во услови на здравствени протоколи поради заштита од ширење на пандемијата од Ковид-19 и без […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и натаму трицифрен, во Скопје 1.372 активни случаи

Скопје, 3 август 2020 () – Нови 166 случаи со Ковид-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*