Заев: Верувам дека на 12 април граѓаните мудро ќе донесат одлука


Верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука со која ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, кои ќе добиеме поддршка, ќе ја водиме нашата држава, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој по средбата кај претседателот Стево Пендаровски, објаснувајќи дека изборите ќе се одржат на 12 април следната година.

Тој рече дека датумот е постигнат со консензус и оти е земено предвид ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека по пат на внатрешни консултации во СДСМ ќе биде избран техничкиот премиер, кој ќе ја извршува функцијата од 3 јануари.

Тој смета дека сега е добар момент да се разговара и за промена на изборниот модел, а според СДСМ, како што посочи, е прифатливо да има една изборна единица и отворени листи.

– Овој датум ни определува можност да разговараме за изборниот модел. Како претседател на најголемата политичка партија во државата останувам на ставот дека државата треба да прави исчекор кон демократизација на процесот. За СДСМ е прифатливо една изборна единица и отворени листи. Сакам да ги слушам помалите политички партии затоа што многу често поголемите партии се собираме и не е чесно само ние да одлучуваме. Имав состанок со нив и тие се за една изборна единица. Верувам дека државата ќе смогне сили да направи исчекор кон поголема демократизација преку избирачкиот процес, односно Изборниот модел за да го зајакнеме плурализмот во државата преку Парламентот, изјави Заев.

Во однос на пописот, кој треба да се одржи следната година, Заев рече дека неговиот став е тој да се спроведе следната година по изборите, а доколку Државниот завод за статистика е подготвен, тогаш да се спроведе и пред изборите. – Важно е ден поскоро да го имаме пописот, рече Заев.

Вести

Орце и Ана Камчеви ќе сведочат за „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во Кривичниот суд во Скопје како сведоци на Обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева […]

No Picture
Вести

Одобрен турско-либискиот договор, Турција добива пристап до економската зона во Медитеранот

Комисијата за надворешна политика при турскиот Парламент го одобри денеска договорот на Турција со либиската Влада за поморската граница во Средоземно Море, што и овозможува на Турција пристап до економската зона во Медитеранот. Во текот […]

Вести

Полициска акција во две домашни и една странска фирма поврзани со бизнисменот Камчев

Се уште се тече полициска акција во три фирми поврзани со бизнисменот Орце Камчев и тоа две во нашата држава и една во Шпанија, со претходна наредба од страна на надлежен обвинител,  потврдија извори од […]